Како дел од 62-ите Рацинови Средби, и оваа, четврта година по ред, денеска беше организирана атлетската трка „Трчаме за Рацин“ на 5 и 10 километри низ улиците на Велес.
Низ улиците на Велес трчаа речиси 400 учесници, најмногу интерес привлече машката трка на 5 км. Организатор беше Општина Велес со Атлетската федерација на Македонија.
Ова е листата на победници и истрачаните времиња.
Браќата Иво и Мартин Балабанов од градот Мездра Бугарија победија во 5 и 10 км.
На 10 км жени 10 учеснички
Победник Адријана Поп Арсова 38:33
Биљана Кираџиева 41:35
Фросина Михајловска 42:47
На 19 км мажи 81 учесник
Иво Балабанов 32:56
Димитар Илиев 33:08
Муџахид Мислими 33:22
На 5 км жени 96 учеснички
победник Душица Јанковиќ 21:18
Галена Миљовска Поповска 23:00
Марија Арсовски 24:38
На 5 км мажи 198 учесници
Мартин Балабанов 16:22
Григоријан Никовски 16:26
Роберто Димитриевски 16:56
Според зборовите на дежурниот доктор Елена Најдовска од службата за Итна помош, лекарскиот имал две интервенции. Една на дете на 11 годишна возраст кое колабирало и еден од учесниците на трката кој паднал и ја повредил раката. И во двата случаи интервенциите биле успешни за младите натпреварувачи.
