Силна експлозија во фабрика за огномети во Матаб на Малта

Малта

Силна експлозија и низа помали експлозии го потресоа подрачјето Салина утрово, кога експлодираше фабрика за огномет, исфрлајќи густ облак чад во воздухот, објавија медиумите на Малта.

Сè уште не е познато дали експлозијата оставила жртви, но има извештаи за многу оштетени имоти во областа.

Експлозијата се слушнала околу 6:35 часот наутро, при што се кревал столб чад, видлив од многу делови на островот.

Портпаролот на Одделот за цивилна заштита изјави во 7:33 часот наутро дека се чини дека во тој момент немало никој на местото, но спасувачите проверуваат.

Луѓето во областа беа евакуирани бидејќи мали експлозии продолжија да се слушаат еден час по првичните експлозии.

Игро Филевски, која работи и живее на малта, на своите социјални мрежи обкави дека утринската експлозија што ја почувствувале сите на островот е од фабриката за пиротехника во Матаб.

Филевски пишува дека се чекат сите официјални информации, додека во овие моменти истражните органи се на терен, а полициските и противпожарните единици го обезбедуваат теренот и ги локализираат пожарите. Сиот амбулантен сектор е на местото на експлозијата.

Најчитано