Италија денес беше погодена од земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Епицентарот на земјотресот бил на отворено море покрај брегот на Калабрија на југот од земјата, на длабочина од 240 километри.
Како што објавија италијанските медиуми, земјотресот бил почувствуван и во Неапол и неколку општини во областа на Везув, особено во областите што граничат со Калабрија, но и во Апулија и Сицилија.
На некои места, жителите излегоа на улиците и почнаа да се јавуваат во регионалната Цивилна заштита и противпожарната служба, првенствено за информации, вели Анса.
Регионалната оперативна станица на Цивилната заштита почна да контактира со сите градоначалници во областите најблиску до епицентарот, но не се пријавени штети.
Според очевидци објавени на веб-страницата на EMSC, земјотресот бил почувствуван и во Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија и Грција.
