Премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, синоќа објави дека на претстојниот самит ЕУ-Западен Балкан во Тиват, ќе презентира иницијатива со која земјите од Западен Балкан можат да станат значаен производител и снабдувач на чиста енергија за Европа.
„Соочен со растечката глобална побарувачка за електрична енергија, особено поради развојот на вештачката интелигенција и центрите за податоци, нашиот регион има потенцијал годишно да обезбедува околу 260 TWh нова обновлива енергија“, напиша Мицкоски во објава на својот Фејсбук профил.
Тој истакнува дека ова претставува можност за создавање бизнис вреден околу 26 милијарди евра годишно и шанса Западен Балкан да се позиционира како важен партнер во енергетската иднина на Европа.
