Институтот за проучување на војната (ИСВ) во својот последен извештај наведува дека белорускиот Генералштаб потврдил дека земјата го променила текстот на Уставот, а тоа го направи за да се откаже од својата неутралност и нуклеарен статус.
Заменик-началникот на белорускиот Генералштаб, полковник Андреј Богодел вчера изјави дека Белорусија, за да одговори на „надворешните предизвици и закани“, ги направила неопходните измени на својот Устав со откажување од неутралноста и отстранување на делот за ненуклеарен статус.
Рускиот претседател Владимир Путин минатата недела изјави дека првото тактичко нуклеарно оружје што ќе биде таму стационирано пристигнало во Белорусија.
Американскиот претседател Џо Бајден потоа изјави дека руската закана за употреба на тактичко нуклеарно оружје е „реална“.