Денеска со почеток во 10:00 часот, во хотелот „Александар Палас“, ќе се одржи меѓународната конференција „Скопска иницијатива“ во организација на СДСМ и „2026 Корчуланска висока политичка школа“.
„Скопската иницијатива“ ја покрена претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче, со што прогресивните сили од регионот и Европа заеднички застануваат во борбата против авторитарните режими, борбата против корупцијата и за европска интеграција на регионот.
Заедничка активност која ги обединува регионалните прогресивни и социјалдемократски сестрински партии за демократски, европски и просперитетен Западен Балкан.
Работната тема на конференцијата е „Мобилизација за иднината на прогресивните сили на Западен Балкан“.
На високо ниво ќе присуствуваат регионалните прогресивни и социјалдемократски сестрински партии, како и претставници на социјалдемократски и прогресивни фондации од регионот, од Партијата на европските социјалисти (PES), Групата на социјалисти и демократи (S&D Group), Социјалистичката интернационала (SI), Фондацијата за европски прогресивни студии (FEPS), сестринските партии од Европската Унија, како и членови на Управниот одбор и Советодавниот совет на Родовата мрежа на Централна и Источна Европа и други партнери на Корчуланската школа.
Настанот започнува во 10:00 часот во салата К3, со воведни обраќања, меѓу кои и на претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче и Даша Шашиќ Шиловиќ од Корчуланската висока политичка школа.
Во 12:30 часот во салата К2 ќе се одржи заедничка прес-конференција на претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче, Џакомо Филибек, генерален секретар на Партијата на европските социјалисти и Даша Шашиќ Шиловиќ од Корчуланската висока политичка школа.
Во 15:00 часот во салата К3 започнува панелот „Западен Балкан и новите геополитички случувања“, кој ќе го отвори и модерира Борко Стефановиќ, потпретседател на Партијата за слобода и правда на Србија.
Панелисти на овој панел се: Џакомо Филибек, генерален секретар на Партијата на европските социјалисти; Тамара Трипиќ, претседателка на Мрежата за демократски дијалог од Србија; Мачрис Кабрерос, координатор на Прогресивната алијанса (Progressive Alliance); Кнут Флекенштајн, поранешен потпретседател на Групата на социјалистите и демократите во Европскиот парламент и советник на FEPS за Западен Балкан.
Претставниците на медиумите ќе имаат можност да ја следат дискусијата на овој панел, а воедно панелот ќе се пренесува во живо на официјалната ФБ на СДСМ и на Јутјуб каналот на партијата.
Од 16:30 до 18:00 часот во салата К3 е панелот „Западен Балкан и динамиката на проширувањето на Европската Унија“, кој ќе го отвори и модерира Александар Спасов, професор на Правниот факултет во Скопје.
Панелисти на овој панел се: Марко Вешлигај, пратеник во Европскиот парламент (SDP Хрватска); Ромина Куко, пратеничка и меѓународна секретарка на Социјалистичката партија на Албанија; Ласло Андор, генерален секретар на FEPS; Иван Вујовиќ, претседател на СДП Црна Гора.
