Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Претставници на Иран и ЕУ разговараа за обновување на нуклеарниот договор од 2015 година

Претставници на Иран денеска се сретнаа со претставникот на Европската унија, Енрике Мора, кој ги координира преговорите меѓу Техеран и шесте сили за заживување на нуклеарниот пакт од 2015 година.

Според светските агенции, преговорите меѓу Иран и светските сили за враќање на договорот од 2015 година, кој требаше да ја стави спорната нуклеарна програма на Техеран под одредена контрола во замена за олеснување на санкциите, се во застој од септември минатата година.

„Сериозен и конструктивен состанок со Мора во Доха. Разменивме мислења и разговаравме за голем број прашања, вклучително и преговори за укинување на санкциите“, истакна главниот ирански преговарач Али Багери Кани на својот Твитер профил.

Tags: ЕУИраннуклеарниот договор

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново