Вчера уапсени осум возачи, седум возеле без возачка

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода осум возачи за безобѕирно управување возило, седум возеле без возачка дозвола, а еден и покрај тоа што имал активна забрана, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Три лица во Скопје возеле без возачка дозвола и по едно во Кичево, Тетово, Кавадарци и Кочани. Додека, едно  лице во Кичево управувало возило и покрај тоа што за него има активна забрана. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. 

„Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај“ додаваат од МВР.

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дата центри - дали сте информирани, дали поддржувате?