Реал го објави и третото засилување од Премиер лигата

Откако левиот бек Марк Кукурела дојде од Челзи, а средниот играч Бернардо Силва од Манчестер Сити, Реал Мадрид денес го објави третото големо засилување од Премиер лигата. Потпиша стоперот Ибрахима Конате, кој пристигна како слободен играч од Ливерпул.

Клубот објави само дека договорот на францускиот репрезентативец е важечки до летото 2030 година. Сепак, според Николо Скира, договорот вклучува опција за уште една сезона, а годишната плата на играчот ќе биде околу 10 милиони евра. Конате, кој сега има 27 години, помина пет сезони во Ливерпул, кој го купи од Лајпциг за 40 милиони евра.

Во овој период, дефанзивецот одигра вкупно 183 натпревари, постигна 7 гола и додаде четири асистенции за популарните „Мерсисајдерси“, со кои освои пет трофеи: Англиското првенство, ФА Купот и Комјунити Шилд еднаш, како и два Карабао Купа.

Се очекува Реал Мадрид наскоро да објави уште едно засилување, десниот бек на Интер, Дензел Дамфрис, со активирање на неговата откупна клаузула од 20 милиони евра. Во меѓувреме, „Лос Бланкос“ веќе се согласија на шестгодишен договор со играчот од средниот ред Енцо Фернандез, според Скира, а голема понуда од Челзи треба да пристигне наскоро.

Најчитано