Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Централната банка на Турција значително ја зголеми каматната стапка

Централната банка на Турција денеска ја зголеми клучната каматна стапка на 15 проценти, што е речиси двојно од претходната, со цел да го промени курсот кон конвенционалната економска политика за да се справи со инфлацијата.

Централната банка на Турција ја зголеми каматната стапка од 8,5 на 15 отсто. Тоа е прво зголемување од март 2021 година.

Зголемувањето на оваа стапка покажува дека земјата се откажува од неконвенционалното верување на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган дека со намалени каматните стапки се бори против инфлацијата, што е спротивно на традиционалната економска теорија.

Според економистите неконвенционалните верувања на Ердоган ја влошија економските состојба и доведоа до криза на домашната валута и ги зголемија трошоците за живот

Зачлени се на нашиот е-билтен