Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, присуствуваше на фестивалот „Prespa Run and Fun“, кој покрај Преспанското Езеро обедини спортски активности, забава и дружење со граѓаните.
Филипче оцени дека настанот привлекол големо внимание во целиот регион, особено меѓу младите, и им честиташе на организаторите за реализацијата на фестивалот.
Во спортската трка учествувале и екипи на СДСМ и Социјалдемократската младина на Македонија.
„Позитивна енергија, тимски дух и заедничка дружба со граѓаните“, напиша Филипче во објавата на Фејсбук.
