Експлозија при гаснење пожар во Визбегово, повреден пожарникар

Пожарникар е повреден при интервенција на пожар во Визбегово, во Општина Бутел, каде гореле дива депонија и сува трева.

За време на гаснењето дошло до ненадејна експлозија, при што пожарникарот се здобил со повреди на ногата и увото.

Тој веднаш бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде му била укажана медицинска помош.

Од надлежните информираат дека неговата здравствена состојба е стабилна и дека се наоѓа надвор од животна опасност.

Причината за експлозијата засега не е утврдена. Според првичните претпоставки, можно е да експлодирала боца под притисок што се наоѓала на местото на пожарот.

Надлежните служби работат на утврдување на точните околности под кои дошло до експлозијата.

Најчитано