Она што се говореше со недели, денеска доби и официјална потврда. Најтрофејниот европски тренер Жељко Обрадовиќ повторно го презеде грчкиот гигант Панатинаикос.
Грчките медиуми го објавија деталите од договорот кој е загарантиран на три години и вреди 3,5 милиони евра по сезона. Дополнително, трофејниот стручњак ќе има дополнителни 500.000 евра по сезона доколку успее да ги освои двата најважни трофеи, во Евролигата и оној за шампион на Грција.
Тоа, го прави Обрадовиќ најплатен тренер во историјата на европската клупска кошарка.
Обрадовиќ во својата прва епизода во Панатинаикос мина 13 години на чело на грчкиот гигант, притоа освојувајќи 23 трофеи.
По фијаското во последната сеозна, кога не беше освоен ниту еден трофеј, навивачите на ПАО во Обрадовиќ гледаат спас од апатијата и освојување на нови трофеи веќе во претстојната сезона.
Тимот на Панатинаикос има плејада на искусни и квалитетни играчи, но медиумите најавуваат дека Обрадовиќ и управата ќе го освежат ростерот со звучни имиња, а неофицијално како прва желба се споменува Србинот Богдан Богдановиќ кој со Обрадовиќ во Фенербахче ја освои Евролигата.
