И официјално: РК Вардар се враќа во Лигата на шампиони

Европската ракометна федерација денес му додели вајлд-карта на македонскиот првак Вардар со што „Вардарци“ се враќаат во Лигата на шампоини по по четири години пауза.

Вардар е двократен европски шампион, а титулата „Црвено-црните“ ја освоија во 2017 и во 2019 година.

Последното учество на вардарци во елитната лига беше во сезоната 2021/2022.

Во новата сезона на Лигата на шампиони ќе има 24 екипи кои ќе бидат поделени во шест групи. Ќе се игра двокружен систем, а двете најдобри од секоја група ќе продолжат останатите ќе се префрлат во Европската лига.

Најчитано