Одлуката за гласање на избори не се носи рационално. Таа е производ на несвесни вредности, длабоки стравови, надежи и психолошки идентитет кои стандардните истражувања на јавното мислење не може да ги достигнат. Токму тоа го менува методологијата на Latenta – лондонска истражувачка компанија кој зад себе има резиме од 19 победи во 21 изборна кампања ширум светот, а чии услуги сега се достапни на македонскиот и регионалниот пазар преку Агенција Рејтинг.
Анкетите го мерат денешното расположение. Не ги предвидуваат утрешните одлуки.
Традиционалните истражувања на јавното мислење одговараат на прашањето: За кого ќе гласате? Тоа е корисна и важна информација, но таа ги отсликува само свесните намери во моментот на истражувањето, но не и длабинската психолошка архитектура на одлуката. А токму таа архитектура одредува кој гласач е навистина одлучен, кој е сè уште подложен на промена, и кој само навидум изгледа одлучен, но всушност ја чека правилната порака или стимул за да „пресече“ како ќе го даде својот глас.
Ова разграничување е клучно во изборните кампањи. Партија која ги таргетира само своите цврсти гласачи и нема јасна стратегија и пораки како да ги конвертира потенцијалните нови гласачи, неразумно го вложува буџетот и времето. Победничките кампањи прецизно знаат кого можат да привлечат, со каква порака, преку кој канал. Токму ова го нудат Latenta и Рејтинг, прецизно психолошко профилирање на сите сегменти, креирање на соодветни пораки и стратегии за секој сегмент и математички прецизно таргетирање по дигиталните канали.
Хиерархиска сегментација на електоратот: четири чекори до победа
Методологијата на Latenta за изборни кампањи не почнува со прашањето „кој гласа?“ туку со суштинското: „зошто луѓето одлучуваат онака како одлучуваат и кои од нив можеме да ги придвижиме?“ Процесот е структуриран во четири јасни фази:
- Стратешка анкета и психолошко картографирање
Почетната стратешка анкета го картографира и сегментира на профили целиот електорат. Резултатот е идентификација и градење хиерархија на сегментите. Се групираат според тоа групи го делат истиот систем на вредности, ист однос кон политичката состојба, ист профил на страв и надеж и ги споделуваат истите двигатели на промена на изборното расположение.
- Изолација на критичните сегменти
Потоа Latenta ги изолира и анализира критичните потенцијални сегменти – оние кои можат да ја определат победата. За секој сегмент се изградува детален психолошки профил: кои вредности ги движат, кои теми резонираат, кои пораки предизвикуваат отпор, и кои канали се најсоодветни за пристап.
- Утврдување на теми и пораки
Не секоја партија може убедливо да ги адресира сите теми. Latenta ги идентификува темите каде конкретната партија има кредибилитет кај целните сегменти и ги „мечира“ со приоритетите на електоратот. Потоа се гради комуникациска стратегија за секоја тема посебно.
- Прецизна дигитална активација
Сите сегменти се така дизајнирани да може веднаш да се таргетираат преку Meta, Google, TikTok и X и нивните веќе достапни опции за таргетирање. За секој сегмент се гради различна порака, различна креативна насока и различни критериуми за таргетирање, базирани на неговиот психолошки профил. Потоа следат tracking студии кои го мерат поместувањето и овозможуваат тактичко прилагодување во реално време.
На македонскиот и регионалниот пазар за прв пат ќе бидат достапни и нови видови на истражувања и алатки за кои се користат напредни АИ платформи. Latenta и Рејтинг ќе понудат онлајн истражувања кои ги надминуваат проблемите кои ги создаваат класичните панели, како нерепрезентативни примероци и недостаток на мали групи и подгрупи во примерокот. Исто така, за прв пат ќе бидат достапни на пазарот квалитативни истражувања и длабински интервјуа, но со голем број учесници кои може да се реализираат за релативно кратко време. Ова ќе овозможи класичните фокус групи, чиј главен недостаток е малиот број на учесници, да се заменат со големи квалитативни студии. Еве што нуди Latenta во овој сегмент.
Брзо истражување (24–72 часа)
Кога времето е критично, а во политиката секогаш е, Latenta може да изврши репрезентативни анкети во рок од 24 до 72 часа, во која и да е земја, со покриеност на 190+ земји во светот.
Синтетичко зголемување на примерок
Кога целниот сегмент е тешко достапен, специфична возрасна група, гласачи во дијаспора, специфична етничка заедница, AI технологијата на Latenta создава научно верифицирани синтетички испитаници врз основа на реални податоци, обезбедувајќи статистичка робустност дури и со мал примерок.
Квалитативно истражување на скала
AI-водени длабински интервјуа без пристрасност на истражувачот на кој и да е јазик. Богати длабински одговори кои ги откриваат наративите и сентиментите кои го обликуваат изборното расположение.
Бројките зад методологијата
19/21 победи во изборни кампањи ширум светот
6x поефикасно трошење на буџетот за рекламирање
34+ земји со докажан деловен и политички ефект
Новиот стандард во изборните кампањи
Секоја изборна кампања располага со ограничени ресурси и ограничено време. Разликата меѓу победникот и поразениот е ретко во тоа кој потрошил повеќе, иако секако е значаен индикатор. Разликата е најмногу во тоа кој подобро ги познава своите гласачи, и тоа не само свесниот слој, туку и психолошкиот профил. Партиите кои го применуваат овој стандард не трошат повеќе, тие трошат попаметно од своите политички противници.
Методологијата на Latenta е во целост усогласена со GDPR и работи исклучиво со анонимни, доброволно споделени податоци. Сите сегменти се активираат директно преку дигиталните платформи без собирање лични информации. Методологијата е применлива за политички партии, граѓански движења, локални и национални кампањи, и јавни институции кои комуницираат со граѓаните.
Услугите на Latenta за изборни кампањи се достапни на македонскиот и регионалниот пазар исклучиво преку Агенција Рејтинг. info@rating.mk
