Колешката на Гаши, Доцова: Нема што да се разговара, единствениот пат напред е Преговорачката рамка

Доцова

Северна Македонија мора да го спроведе европскиот консензус од 2022 година за да продолжи по својот европски пат. Ова не е предмет на повторно преговарање. Потребно е да се направат уставни измени.

Ова го изјави претседателката на Собранието на Република Бугарија, Михаела Доцова, по средбата со нејзиниот македонски колега, Африм Гаши, во рамките на 13-тата пленарна сесија на Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа.

Доцова ја изрази загриженоста на Софија во врска со антибугарските настани во Македонија, како и со палењето на дипломатските автомобили на бугарската дипломатска мисија. Таа побара соодветна казна за сторителот.

Гаши ја покани Доцова и парламентарната делегација да ја посетат Северна Македонија.

Најчитано