За влез од Грција во Македонија на ГП „Богородица“ се чека и до четири часа

Долги колони попладнево има на границата меѓу Грција и Македонија на граничниот премин „Богородица“.

Граѓани на социјалните мрежи коментираат дека чекањето трае и до четири часа.

Колоните од автомобили, автобуси, кампери и мотори се протегаат со километри во меѓуграничниот простор.

Во спротивен правец, односно за влез во Грција нема подолги задржувања, како што имаше утрово.

Најчитано