Американскиот претседател Доналд Трамп објави на социјалните мрежи илустрација со вештачка интелигенција на која тој, облечен во американско знаме, ја носи Земјата на грб.
Сликата го прикажува Трамп во драматична поза додека држи џиновска Земја. Илустрацијата е претстава генерирана од вештачка интелигенција во стилот на политички мит за лидер кој го носи товарот на светот. Објавата брзо привлече внимание на социјалните мрежи, каде што корисниците ја споделија со коментари дека Трамп повторно се претставува како спасител на Америка, но и на целиот свет.

Ова не е прв пат Трамп да споделува вакви слики генерирани од вештачка интелигенција. Пред неколку месеци, тој објави слика на која е прикажан како фигура слична на Исус, во бела мантија, додека допира болен човек со рака. По критиките, вклучително и од религиозната десница, тој ја избриша објавата и тврдеше дека сликата имала за цел да го прикаже како доктор.

Недолго потоа, тој сподели и слика од Исус како го прегрнува, додека Трамп стои на говорницата пред американското знаме.

