На вчерашниот митинг на Вучиќ имало 32.500 луѓе, а не 207.000 според неговата партија

Вучиќ

Архивата на јавни собири објави дека околу 32.500 луѓе присуствувале на митингот на Српската напредна партија под слоганот „Србија – едно семејство“, одржан во саботата во Белград. Според организацијата, овој број учесници на митингот е регистриран во 18:55 часот.

Според Архивата, ова е петтиот најголем митинг организиран од владејачката партија во Србија. Други извори од организацијата објавија дека имаат видео запис, снимен за време на говорот на српскиот претседател Александар Вучиќ, што овозможува прецизно броење на сите присутни на плоштадот пред зградата на Народното собрание.

За споредба, српското Министерство за внатрешни работи објави дека околу 207.000 граѓани се собрале на плоштадот пред парламентот.

Најчитано