Во премиерниот настап на Вимблдон, Ѓорческа ќе има исклучително тежок предизвик против шестата носителка и минатогодишна финалистка, Аманда Анисимова.
Веќе беше познато дека нивниот меч ќе се одигра во вторник, а сега е потврден и точниот термин. Ѓорческа и Анисимова ќе го отворат вториот натпреварувачки ден на Вимблдон, со почеток во 13:00 часот по средноевропско време, на теренот број 2, кој располага со капацитет од околу 4.000 гледачи.
Токму нивниот дуел ќе биде првиот на програмата на теренот број 2, но и првиот меч што ќе започне во вторник на Вимблдон.

За македонскиот тенис ова издание на престижниот турнир ќе остане запаметено и по историскиот успех на македонскиот тенис. За првпат во главната ждрепка ќе настапи македонската тенисерка Лина Ѓорческа, која преку квалификациите избори место меѓу најдобрите.
