Муцунски за новиот модел членство во ЕУ: Да не се претвори во трајна чекална

Муцунски

„Доколку новиот модел на постепена интеграција претставува мост кон полноправно членство, тогаш ќе биде исклучително корисен. Но, мора да внимаваме да не стане алатка која ќе создаде трајна чекална без врата кон целосно членство”.

Ова го истакна министерот за надворешни работи и меѓународна трговија Тимчо Муцунски на на панел-дискусијата „The EU and the Western Balkans: Resolving Unfinished Business Together”, во рамки на Дубровник форумот, посветена на европската перспектива на Западен Балкан и иднината на политиката на проширување, на покана на министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ Радман.

Осврнувајќи се на процесот на проширување, Муцунски истакна дека е потребна поголема дисциплина, со појасни стандарди, рокови и исходи, како и покредибилен и попредвидлив пристапен процес.

Тој нагласи дека иницијативите како СЕПА и Планот за раст веќе покажуваат конкретни придобивки за регионот преку поттикнување на реформите и обезбедување директна финансиска поддршка, оценувајќи дека ваквите механизми можат значително да придонесат за побрза европска интеграција.

Во однос на билатералните односи со Бугарија, министерот оцени дека со новата легитимна влада во Софија постои можност за разговор за отворените прашања, но и за заедничката европска иднина.

„Нашата намера не е само да ги започнеме пристапните преговори и по неколку месеци повторно да се најдеме во истата ситуација. Нашата цел е да ги започнеме и успешно да ги завршиме врз основа на европското законодавство, Копенхашките и Мадридските критериуми”, порача Муцунски.

Најчитано