Русите кои живеат во Бугарија собраа пари и купија 17 теренски возила. Утре, 1 јули, со кратка церемонија пред катедралата „Александар Невски“ во Софија, ќе им ги предадат на Русите од Легијата „Слобода за Русија“, кои, заедно со Украинците, се борат против режимот на Кремљ, објавија дел од медиумите во Бугарија.
Бугарските и меѓународните медиуми се поканети на настанот, кој започнува во 11 часот.
Русите во Бугарија кои се против режимот на Путин и претходно дале слични донации за нивни сонародници кои се дел од вооружените сили на Украина.
