Еден од најголемите документирани сомови уловени во Дунав е извлечен во близина на Доњи Милановац, а снимката од овој несекојдневен улов брзо привлече внимание меѓу љубителите на риболовот.
Огромниот сом бил долг неверојатни 262 сантиметри и тежел 113 килограми. Капиталниот примерок го уловил риболовецот Милан Паниќ, со помош на свој колега, по борба со вистински речен џин.
Целиот подвиг бил снимен, а сомот бил измерен на самото место. Но, моментот што најмногу предизвика реакции следувал веднаш потоа: рибарите не го задржале уловот, туку го пуштиле назад во Дунав.
Овој потег беше поздравен како пример за одговорен спортски риболов, особено затоа што станува збор за редок примерок со импресивни димензии. Дунав уште еднаш покажа дека во неговите длабочини се кријат вистински џинови.
