Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Блинкен: САД се во тесна координација со сојузниците и партнерите додека ситуацијата во Русија продолжува да се развива

 Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска одржа телефонски разговор со министрите за надворешни работи на Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија и Обединетото Кралство, како и со високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, а за тековната ситуација во Русија, соопштија денеска од Стејт департментот. 

-Секретарот Блинкен повторно истакна дека нема промени во подршката на Соединетите Држави за Украина. Соединетите Држави остануваат во тесна координација со сојузниците и партнерите додека ситуацијата продолжува да се развива, изјави портпаролот Метју Милер. 

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново