Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Групата „Вагнер“ блокирана на социјални мрежи во Русија

 Групата Вагнер е блокирана на социјалната мрежа ВКонтакте на барање на Роскомнадзор, пренесе ТАСС.

„Овој материјал е блокиран на барање на Роскомнадзор врз основа на одлуката на Генералното обвинителство на Руската Федерација“, соопшти руската федерална служба за надзор во областа на информатичките технологии и масовните комуникации.

Во меѓувреме, каналот АСТРА на Телеграм објави дека страниците на Пригожин „РИА ФАН“, „Народни новости“ и други се блокирани во Руската Федерација на барање на Канцеларијата на Генералното обвинителство.

Пристапот на Вагнер до социјалните мрежи VKontakte и Odnoklassniki е ограничен. Целта е да се запре ширењето на повиците за учество во „воениот бунт“, јавија московски медиуми.

Руските граѓани соопштуваат и дека се симнуваат билборди што ја рекламираат приватната армија во целата земја.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново