Изложба на лумен принтови на Кети Талевска Бакревска КЦ Јадро

лумен

Во КЦ Јадро, вечерва, во 20. часот, ќе биде отворена изложба на лумен принтови на Кети Талевска Бакревска.

Изложбата „Фрагменти од НАС“ е интимно визуелно истражување на жената како слоевито суштество – тело, мисла и дух – изразено преку јазикот на лумен принтот, процес што ја користи светлината на сонцето како ко-автор. Овде му дозволуваме на моментот да се случи, да се впие, да остави трага. Просторот е поделен на три столба на постоењето, претставени преку три женски силуети, сите создадени исклучиво со
лумен техника.

Кети Талевска Бакревска (Битола) е фотографка која работи со алтернативни фотографски процеси како лумен принтови, цијанотипија, класична аналогна фотографија и камера обскура. Нејзините дела се
инспирирани од природата, светлината и трагите што тие ги оставаат на хартија.

Зад себе има две самостојни изложби и учество во повеќе регионални и европски проекти.

Најчитано