Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Блинкен: Путин беше на прагот на Киев , а сега мораше да ја брани Москва

Американскиот државен секретар Антони Блинкен изјави дека бунтот на приватната платеничка група Вагнер и нејзиниот предводник Евгениј Пригожин е „директен предизвик за авторитетот на Путин“.

„Ако го ставите ова во контекст, пред 16 месеци Путин беше на прагот на Киев, Украина, сакајќи да го заземе градот за неколку дена, да ја избрише земјата од мапата. Сега тој мораше да ја брани Москва, главниот град на Русија, од платениците кои самиот тој ги создаде, изјави Блинкен за ток-шоуто на Си-Би-Ес Њуз „Face the Nation“.

Тој додаде дека одлуката на Путин да ја нападне Украина создаде хаос во неговата земја.

– Значи, тој (бунтот) покренува длабоки прашања, покажува вистински пукнатини, смета Блинкен.

Американскиот секретар оцени дека е рано да се каже каква е иднината за платениците кои се побунија вчера. 

Зачлени се на нашиот е-билтен