Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Суданските паравоени сили зазеле полициски штаб во Картум

Суданските паравоени сили за брза поддршка (РСФ) денеска објавија дека го зазеле седиштето на тешко вооружената полициска единица во главниот град Картум.

РСФ во соопштението наведе дека нивните сили презеле целосна контрола врз објект што им припаѓа на Централните резервни полициски сили во јужен Картум.

Паравоените сили објавија и видео на кое се гледаат нивните борци внатре во објектот, од кои некои вадат кутии со муниција од магацинот.

Доцна синоќа, борбите меѓу РСФ и суданската армија се интензивираа, откако конфликтот меѓу двете страни влезе во својата 11-та недела.

Од почетокот на конфликтот, околу илјада цивили се убиени, а неколку илјади се ранети. Меѓународната организација за миграција (ИОМ) проценува дека повеќе од 2,2 милиони луѓе се раселени поради актуелниот конфликт. 

Најново