Министерството за внатрешни работи соопшти дека е лишен од слобода Александар Лазаров кој избега од Полициска станица во Кочани.
Во соопштението се вели дека на 14.07.2026, по добиени оперативни информации за лице за кое од страна на МВР е распишана централна и меѓународна потерница, од страна на полициски службеници од СВР Скопје-Потраги од слобода е лишен Александар Лазаров (41) од Кочани.
За Александар Лазаров беше распишана потерница по барање на Основен суд Кочани осомничен за сторено кривично дело по член 215 став 1 од Кривичниот законик.
Лицето е спроведено во Полициска станица Кисела Вода за понатамошна постапка.
