Пожар во згрижувачки дом во Алжир, 11 загинати

Единаесет лица загинаа, а 19 се повредени во пожар што избувна во дом за згрижувачки семејства во Алжир, главниот град на истоимената земја, во четврток вечерта.

Цивилната заштита објави дека пожарникарите ја започнале својата интервенција во 3:30 часот наутро по локално време, јавува Би-Би-Си .

Повеќе од три часа по почетокот на операцијата, пожарот сè уште се гаснеше.

На местото на настанот беа испратени десет противпожарни возила и 16 амбулантни возила. Властите известија дека пет лица со посебни потреби биле третирани и префрлени на безбедна локација за време на интервенцијата.

Алжирскиот премиер Сифи Гриб посети две болници во Алжир за да ги види повредените во пожар. Државните медиуми објавија за посетата заедно со фотографија од премиерот покрај дете во болнички кревет.

Возраста на жртвите не е објавена. Инцидентот се случил додека Алжир бил зафатен од топлотен бран. Според извештајот на новинската агенција АФП, земјата доживеала речиси 1.000 пожари во изминатата недела

Најчитано