МЗТ Скопје ги дозна противниците во ФИБА Еврокупот

МЗТ Скопје денеска ги доби противниците за групната фаза во ФИБА Еврокупот. Сино-белите ќе бидат дел од исклучително квалитетна конкуренција, со екипи од земји што се редовни учесници на најголемите репрезентативни натпреварувања.

Засега сигурни ривали ни се грчки Ираклис и естонски Тарту. Во група се и германски Вурцбург, кипарски АЕЛ Ларнака и полска Џики Варшава. Сепак, овие три екипи претходно ќе настапат во квалификациите за ФИБА Лигата на шампионите. Тимот кој од нив нема да обезбеди пласман во групната фаза на тоа натпреварување, нејзиното место ќе го пополни „среќен губитник“ од квалификациите за ФИБА Еврокупот.

Групната фаза почнува на 29 и 30 септември, а МЗТ Скопје ќе одигра најмалку 10 европски натпревари – по пет на домашен терен и на гостински паркет. Натпреварувањето во групата ќе трае до средината на јануари, кога ќе се решава кои екипи ќе го продолжат европскиот пат.

Најчитано