Спектакл во најава: 24 часа Адреналин – спортско-авантуристички предизвик

24 часа Адреналин
Јане Стефанов

На 26 јули 2026 година, во Македонија ќе се одржи 24 часа Адреналин – спортско-авантуристички предизвик во кој двајца учесници, во рок од 24 часа, ќе се обидат да поврзат девет различни активности низ воздух, земја и вода.

Предизвикот ќе започне со изгрејсонце на аеродромот Стенковец, а ќе заврши доцна навечер на брегот на Охридското Езеро. Во текот на еден ден, учесниците ќе поминат стотици километри низ Македонија, менувајќи различни начини на движење и совладувајќи активности што бараат физичка подготвеност, концентрација и издржливост.

Во рамките на предизвикот ќе бидат реализирани:

  • лет со спортски авион;
  • падобрански скок;
  • параглајдерски лет;
  • мото-тура низ Галичица;
  • искачување на Via Ferrata;
  • MTB downhill спуст;
  • нуркање;
  • кајак;
  • Stand Up Paddle – SUP.

Главната цел на предизвикот не е поставување рекорд, туку промоција на авантуристичкиот туризам, спортовите на отворено и природните можности што ги нуди Македонија.

Проектот е инициран од Јане Стефанов и Љубомир Нетков, долгогодишни инструктори и ентузијасти во повеќе адреналински дисциплини. Во неговата реализација ќе учествуваат и бројни локални експерти, пилоти, инструктори, нуркачи, велосипедисти, медицински лица и логистички тимови, кои ќе ги придружуваат учесниците во различните делови од предизвикот.

Настанот ќе биде документиран преку фотографии, видеоматеријали и содржини на социјалните мрежи, преку кои јавноста ќе може да го следи текот на предизвикот.

Целта е 24h Адреналин да прерасне во традиционален проект што ќе ја позиционира Македонија како дестинација за авантуристички туризам и спортови на отворено, истовремено поврзувајќи ги локалните спортски заедници, експертите и ентузијастите околу една заедничка идеја.

За 24h Адреналин

24h Адреналин е независен авантуристички проект создаден за да покаже колку различни спортски и природни искуства може да се поврзат во Македонија во текот на само еден ден. Проектот ги обединува воздухопловните, планинските, моторните и водените активности во едно 24-часовно патување низ земјата.

Најчитано