Украина очекува да добие јасна покана за поедноставна процедура за пристапување во НАТО за време на состанокот на Алијансата следниот месец во Литванија, изјави советникот на украинското претседателство Андриј Јермак.
„Позицијата на Украина е дека очекуваме како резултат да добиеме покана за поедноставна процедура за прием (во Алијансата) за време на самитот во јули. Но, исто така е важно да се добие сосема јасен знак кој ќе го опише патот на Украина кон членството во НАТО“, изјави тој на брифингот за германските медиуми.