Водата во Крушево е бактериолошки неисправна и не е за пиење

Гостивар
Илустративна фотографија од архива

Водата за пиење од градскиот водовод во Крушево е бактериолошки неисправна, поради што на жителите им се препорачува за пиење да користат исклучиво пакувана вода, соопшти јавното комунално претпријатие ЈП „Комуна“

Ова доаѓа по извршената контрола од страна на Центарот за јавно здравје Прилеп кое утврдило дека водата во Крушево не е безбедна за пиење

Од ЈП „Комуна“ – Крушево соопштија дека водата од градскиот водовод може да се користи за лична хигиена, подготовка на храна, перење и миење садови само по превривање од најмалку 10 минути.

Препораките ќе останат во сила сè додека не се добијат три последователни исправни примероци од водата. Од Центарот за јавно здравје – Прилеп најавија дека ќе бидат во постојана комуникација со надлежните институции и навремено ќе ја информираат јавноста за состојбата.

По хаваријата со водоводот во Гостивар, Крушево е трет град во само неколку денови каде е забранета водата за пиење од градскиот водовод.

Претходно, бактериолошки неисправна вода беше регистрирана во Валандово, а денеска се појавија информации дека неисправна вода се пиело и во Лешок.

Најчитано