Наум Петрески уловен на риболов крај неговиот Дрим

Наум

Наум Петрески деновиве е „јуловен“ од камерите како си поминува квалитетно слободно време, кое за него е најдобро кога е на риболов или на лов.

Не е тајна дека тој е одличен риболовец и дека секој слободен миг го поминува на риболов во својата Струга.

Овој пат е „фатен на дело“ покрај Црн Дрим, во целосна опрема како се фокусира на својот следен трофеј.

Не е тајна дека на Наум освен ловот и риболовот, големо задоволство наоѓа и во дружбите со риболовците и ловџиите, неговите пријатели.

„Уште од мал со татко ми одевме на риболов. Од тогаш се сеќавам на првите денови со трската, покрај брегот на езерото, со мојот татко. Риболовот и ловот ми станаа љубов и пасија, освен музиката се разбира, па затоа многу емотивно го доживувам овој проект посветен на сите мои другари и пријатели“, изјави своевремено кога ја промовираше и неговата песна посветена на риболовците.

Нормалн, како и секој рибар, сака да се фали со своите „улови“, успешни и неуспешни.

Еден од ти успешни е овој крап, чија фотографија остана запаметена на социјалните мрежи. И често се фали со уловот на социјалните мрежи. Неговите пријатели на шега велат: „ај што фатил крап колку него голем, туку со Наум не може никој да се мери кога се лови риба“.

Најчитано