Каде би се преселиле Европејците? Оваа земја е прв избор во нова анкета

Каде би се преселиле Европејците доколку одлучат да започнат живот во друга земја? Шпанија се издвојува како најпосакувана дестинација, додека само еден од десет испитаници во Франција, Германија, Италија и Велика Британија целосно ја исклучува можноста да се пресели во странство.

Истражувањето опфатило 2.000 полнолетни лица, по 500 од секоја земја. Речиси половина од анкетираните очекуваат во некој период од животот да живеат надвор од својата татковина.

Најголема подготвеност за преселба покажале Французите, од кои 57 проценти очекуваат некогаш да живеат во друга земја. Следуваат Германците со 52 проценти, Италијанците со 49 и Британците со 48 проценти.

Главниот мотив не е само желбата за промена, туку растечките животни трошоци. Тоа го навеле 53 проценти од Британците, 48 проценти од Французите, 43 проценти од Германците и 32 проценти од Италијанците.

Шпанија е прв избор за Британците и Италијанците, а се наоѓа на второто место кај Французите и Германците. Французите најмногу ја избираат Канада, Германците Австрија, додека меѓу Британците високо котираат Австралија и Канада.

Истражувањето покажува и промена во начинот на кој се замислува животот во странство. Наместо трајно иселување во една земја, сè повеќе луѓе размислуваат за неколкумесечен престој, работа од далечина и живот меѓу две или повеќе држави.

Најчитано