Уапсен маж од Арачиново, во неговиот дом најдени два килограми марихуана

Вчера од страна полициски службеници од Единицата за недозволена трговија и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје по Наредба на Основен кривичен суд Скопје извршен е претрес во дом и други простории кај Б.Н.(25) од Арачиново, скопско, информираат од МВР.

„При претресот пронајдени се над два килограми наркотична дрога марихуана и дигитална вага со остатоци од марихуана.

Б.Н. е лишен од слобода и по целосно документирање на случајот против истиот ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик по итна постапка“ стои во соопштението од МВР.

Најчитано