СДСМ: Власта сега признава ризик од хепатит А и Е во Гостивар 

СДСМ

По епидемијата поради загадена вода во Гостивар, властите сега официјално признаваат ризик од хепатит А и Е и други заразни заболувања, велат од опозициската СДСМ.

„Ова е токму она за кое што проф. д-р Венко Филипче предупреди уште минатата недела.

Прво, доцна им се вклучија „црвените светла”. Потоа ги криеја податоците.

Сега, кога кризата веќе се разгоре, признаваат дека постои ризик од жолтица и други заразни болести.

Луѓето во Гостивар ја плаќаат цената затоа што наместо стручност и брза реакција, добија политичка калкулација и префрлање на одговорноста. Здравјето на граѓаните повторно беше ставено на второ место. Гласовите и тендерите на прво“ велат од СДСМ.

Оттаму додаваат дека оаа криза не дошла сама.

„Ова е криза што ја создаде неспособноста и неодговорноста на оние што ја водат државата“ стои во соопштението од СДСМ.

Најчитано