Пожар во близина на Велес, на патот во правец на Штип, со авионите на ДСЗ е под контрола

пожар

Денеска, попладне, избувна пожар во велешката месност „Дорутовец“, по бензинската станица на „Макпетрол“, пред влезот во Велес, од десната страна на патот гледано во насока кон градот, известри Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).

Поради ветрот и опасноста пожарот да се прошири, раководителот на Главниот штаб за управување со кризи, Стојанче Ангелов, активираше два авиона „ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Во моментот, на терен се пожарникарите на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Велес коишто дејствуваат со две ПП возила и 6 нивни припадници.

По дејството на противпожарните авиони „ер трактор“ на ДЗС, пожарникарите на ТППЕ Велес, месно население од с.Чалошево, а и епипа со цистерна од ЈП ,,Дервен“ врз пожарот во месноста „Дорутовец“ во Велешко, опасноста е намалена, но пожарот е проширен во правец на патот Велес – Штип. Заради чадот што ветрот го носи кон автопатот, од Главниот штав за управување со кризи е побарана поддршка од МВР за регулирање на сообраќајот согласно потреби. Состојбата се следи од Главниот штаб за управување со кризи, во координација со екипите на терен.

Инаку, во државата има и други пожари, од коишто до 18:00 часот, во ЦУК се регистрирани вкупно 9 пожари на отворен простор, при што aктивни се 4 пожари, под целосна контрола нема, а изгаснати се 5 пoжари.

Најчитано