Повеќе делови од Скопје денеска без вода

Поради дефекти и интервенции на водоводната мрежа, денеска е прекинато водоснабдувањето во делови од општините Ѓорче Петров, Кисела Вода, Карпош и Бутел, информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

Во Ѓорче Петров, од 7:40 часот без вода се дел од улицата „Ѓорче Петров“, како и улиците „Македонска Војска“, „Виа Игнатиа“, „Мице Козар“, „Стоби“, „Александар Мутурков“, „Крсте Гермов-Шакир“ и дел од „Шидска“. Причина е дефект на крстосницата меѓу улицата „Ѓорче Петров“ и булеварот „Македонска Војска“.

Во населбата Припор, во општина Кисела Вода, од 9:25 часот е прекинато водоснабдувањето на дел од улицата „Христо Татарчев“, поради дефект на водоводна цевка кај број 85.

Во Карпош, од 9:30 часот без вода се корисниците од улиците „Софиска“, „Бриселска“, „Његошева“, „Копенхагенска“, „Петар Драганов“ и „Гаврил Лесновски“. Прекинот е поради поврзување на старата со новата водоводна мрежа на улицата „Софиска“, во близина на крстосницата со „Петар Драганов“.

Во Бутел, од 8:45 часот без вода се корисниците од улицата „Иван Манолев“, каде што е пријавен уличен дефект.

Водоснабдувањето на сите локации ќе биде обновено по завршувањето на интервенциите. Од претпријатието не соопштија точен термин за нормализирање на состојбата.

Најчитано