Распоредот на натпревари во Евролигата за сезоната 2026/27 е официјално објавен, а новата европска кошаркарска трка ќе започне на 24 септември. Во првото коло ќе се одиграат десет натпревари во два дена, со гостувањето на актуелниот шампион Олимпијакос кај Басконија и дуелот меѓу Дубаи и Реал Мадрид како две од најатрактивните средби.
Во натпреварувањето повторно ќе учествуваат 20 екипи, кои во регуларниот дел ќе одиграат по 38 натпревари. Најдобрите шест тима директно ќе обезбедат место во четвртфиналето, додека екипите од седмото до десеттото место ќе играат во плеј-ин фазата.
Распоред на првото коло:
| Датум | Натпревар |
|---|---|
| 24 септември | Црвена звезда – Жалгирис |
| 24 септември | Дубаи – Реал Мадрид |
| 24 септември | Хапоел Тел Авив – Баерн Минхен |
| 24 септември | Барселона – Анадолу Ефес |
| 24 септември | Басконија – Олимпијакос |
| 24 септември | АСВЕЛ – Макаби Тел Авив |
| 24 септември | Панатинаикос – Париз |
| 25 септември | Бешикташ – Валенсија |
| 25 септември | Фенербахче – Виртус Болоња |
| 25 септември | Партизан – Армани Милано |
Распоредот на првото коло го носи и дебито на Бешикташ, кој го замени Монако во елитното натпреварување. Турскиот клуб сезоната ќе ја отвори на домашен терен против Валенсија, додека Фенербахче ќе ја пречека Виртус Болоња.
Регуларната сезона ќе трае до 16 април 2027 година. По плеј-ин фазата ќе следуваат четвртфинални серии до три победи, а четирите најдобри екипи ќе се пласираат на завршниот турнир закажан од 28 до 30 мај.
Новата сезона повторно носи густ календар со 380 натпревари во регуларниот дел, десет двојни кола и само кратки паузи поради репрезентативните прозорци и националните купови.
