Македонија денеска ќе биде зафатена од силен топлотен бран, со сончево и многу топло време и мала локална облачност. Максималните температури ќе се движат од 31 до 40 степени, а најтопло ќе биде во Повардарието и југоисточните делови.
Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец, а во источните од северозападен. Во Скопје ќе биде сончево и жешко, со температура до околу 37 степени.
Портокалово предупредување за екстремно високи температури е активно во сите региони и ќе важи до вторник во 18 часот. Граѓаните треба да избегнуваат подолго изложување на сонце во најтоплиот дел од денот и редовно да внесуваат течности.
