Мишел Обама му го честиташе 65. роденден на Барак: Никогаш не изгледал подобро

Поранешниот американски претседател Барак Обама денеска го прославува 65. роденден, а неговата сопруга Мишел Обама му посвети емотивна порака на социјалните мрежи.

„Среќен роденден, Барак! Никогаш не си изгледал подобро на 65 години. Секој ден ме правиш подобра личност и благодарна сум за сите начини на кои си присутен за нашето семејство и за нашата земја. Те сакам“, напиша поранешната прва дама.

Барак Обама е роден на 4 август 1961 година во Хонолулу, Хаваи. Тој беше 44. претседател на Соединетите Американски Држави и ја извршуваше функцијата во два мандата, од 2009 до 2017 година.

Барак и Мишел Обама се венчаа во 1992 година и имаат две ќерки, Малија и Саша. Во роденденската честитка, Мишел ги истакна неговата посветеност на семејството и јавниот ангажман.

Најчитано