Полицијата запре 15-годишник со камион во Горно Лисиче

Петнаесетгодишно момче било лишено од слобода откако полицијата го затекнала како управува товарно возило во присуство на својот родител, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Случајот бил регистриран вчера, 5 август, околу 2:40 часот, при сообраќајна контрола на улицата „Горно Лисиче“ во Скопје.

Полициските службеници сопреле товарно возило „ивеко“ со скопски регистарски ознаки и утврдиле дека зад воланот бил 15-годишник кој немал право да управува моторно возило.

Според МВР, малолетникот го управувал камионот во присуство на својот родител.

За настанот бил известен јавен обвинител за малолетници. По целосното документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Најчитано