СДСМ тврди дека анкетите што ги објавува ВМРО-ДПМНЕ покажуваат пад на поддршката за владејачката партија, иако, според нив, се претставуваат како доказ за задоволство на граѓаните од работата на Владата.
Членката на Извршниот одбор на СДСМ, Рената Младеновска, посочи дека во една од објавените анкети рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ изнесува 19,3 проценти.
Според неа, во споредба со резултатот од околу 32 проценти на изборите, тоа претставува пад на довербата од над 40 проценти.
Младеновска ја оспори и објавената оценка дека 57,5 проценти од граѓаните се задоволни од квалитетот на живот, посочувајќи на висината на платите, трошоците за живот, цените на горивата и состојбата со Буџетот.
Од СДСМ повторно го отворија и прашањето за минимална плата од 600 евра, како и тврдењата за недостиг на средства за пензии, земјоделците и други буџетски обврски.
Партијата ја критикуваше и анкетата во која, како што наведува, 41 процент од испитаниците позитивно се изјасниле за кампањата во која се користи терминот „талог“.
„Граѓаните сами нека ја оценат оваа анкета“, порача Младеновска.

