Околу 800 жители на станбен комплекс на улицата „Антон Попов“ број 1 во Скопје бараат увид во проектот за втората фаза од булеварот „Македонија“, стравувајќи дека градежните работи може да ја загрозат статиката на зградата и да им го ограничат пристапот до домовите.
Станува збор за комплекс со околу 200 станови, лоциран во близина на планираното поврзување на булеварот со подземната сообраќајница на „Лимак“. Станарите во отворено писмо бараат итна средба со претставниците на Град Скопје пред почетокот на работите.
Тие велат дека од презентираните скици не можеле да утврдат како ќе биде обезбеден пристап за автомобилите, Брзата помош и противпожарните возила. Дополнително се загрижени дека ископувањето во непосредна близина на темелите може да влијае врз безбедноста на објектот.
Жителите посочуваат и дека локацијата се наоѓа во сеизмички активно подрачје, поради што бараат јавно да им бидат презентирани геолошките испитувања, основниот проект и предвидените мерки за заштита на околните згради.
Според нивното писмо, на 20 јули разговарале со претставници на Градот и им било ветено дека во рок од три работни дена ќе се одржи официјална средба. Бидејќи средбата не била организирана, на 23 јули доставиле ново писмено барање, но до објавувањето на информацијата не добиле одговор.
Град Скопје ги отфрла стравувањата дека ќе се вршат длабоки ископувања до зградата. Од Градот велат дека сообраќајницата на тој потег ќе биде подигната до нивото на постојниот паркинг и дека станарите во ниту еден момент нема да останат без пристап до објектот.
Предвидено е пристапот да се одвива преку улицата „Антон Попов“, а градските власти најавуваат дека ќе направат напори да обезбедат и алтернативен влез од булеварот „Македонија“.
Од Градот уверуваат дека проектната документација е изработена согласно законските стандарди и дека при градежните работи ќе биде обезбеден постојан стручен надзор од лиценцирани лица. Не е прецизирано дали ќе биде одржана средбата што ја бараат жителите.
Втората фаза од булеварот „Македонија“ е проценета на околу 12 милиони евра и предвидува изградба на два кружни тека пред влезот во подземната улица и нејзино поврзување со булеварот. Станарите најавуваат протести доколку не добијат официјален одговор и увид во проектот.