Следната недела ново авионско прскање против комарци во Скопје

Град Скопје за вторник планира ново авионско прскање против ларви од комарци.

Оттаму, ги известуваат граѓаните дека дезинсекцијата ќе се реализира во раните утрински часови, со цел да се намали бројот на ларви од комарци и нивното понатамошно размножување.

Доколку временските услови не дозволуваат безбедно спроведување на дезинсекцијата, акцијата ќе биде одложена за првиот нареден ден кога условите ќе бидат поволни. Во тој случај, дезинсекцијата ќе се изврши во истите временски термини.

Од Градот Скопје посебно ги известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите за време на спроведувањето на дезинсекцијата.

Авионската дезинсекција е дел од мерките за контрола на комарците, особено во периодот кога високите температури и временските услови создаваат поволна средина за нивно размножување.

Рацин.мк ве прашува:

Дали гувернерот Славески треба да понесе одговорност за случајот Алта банка?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали гувернерот Славески треба да понесе одговорност за случајот Алта банка?