Делови од Карпош и Петровец денеска без струја

Делови од општините Карпош и Петровец денеска ќе останат без електрична енергија поради најавени прекини во снабдувањето, информира ЕВН Македонија.

Од 8:30 до 13 часот без струја ќе бидат корисници во населбата Момин Поток, поточно на улицата „Калош Дани“, како и фирмите „Стил Железо“, „Синтекс“ и „Европа 92“ во Општина Карпош.

Во Петровец, од 9 до 13 часот без електрична енергија ќе остане објектот на ОУ „Кочо Рацин“ во селото Петровец.

Прекин е најавен и за главниот објект на ЈП „Паркови и зеленило“ во Карпош, каде снабдувањето ќе биде прекинато од 9 до 14 часот.

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали Владата треба да се извини за грешката со знамето во настанот за 35 г. независност?