Љутков вдомен во Владата како национален координатор за култура

Поранешниот министер за култура и туризам Зоран Љутков, по разрешувањето од министерската функција, доби нов ангажман во Владата. Тој е назначен за национален координатор за култура, објави „еМагазин“.

Љутков остана без министерската функција во рамки на владината реконструкција во јули, кога на негово место беше избран Седат Сулејмани од коалицијата ВРЕДИ, дотогашен заменик-министер за култура и туризам.

Со новото назначување, Љутков практично останува во ресорот во кој работеше како министер, но сега од позицијата национален координатор во Владата.

Љутков беше избран за министер за култура и туризам во 2024 година, а пред влегувањето во Владата беше актер и директор на Драмскиот театар во Скопје.

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Каква тастатура користите на мобилниот телефон?