Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Од трибината „Уставни измени – Исток или Запад“ на Цивил: Да се донесат уставните измени, да не дозволиме самите на себеи да сме непријатели

Новинарот Ерол Ризаов на трибината „Уставни измени – Исток или Запад“ во организација на Цивил кажа дека ако не се случат сега уставните измени и се чека промена на власта ќе се изгуби многу значаен чекор на патот на присоединување.

– ЕУ и САД ќе бидат главно концентрирани на членстовото на Украина и Молдавија во ЕУ, што ќе ни одземе десетина години, кажа Ризаов.

Според него треба да се смени наративот на запознавање на јавноста со проблемите.

– Не треба да се оди на тоа колку се важни сега уставните промени, туку треба да се каже кои се придобивките од ЕУ и што ќе изгубиме или добиеме од ЕУ. Придобивките не се само придобвки како замисла за ЕУ како голем банкомат, туку многу повеќе од тоа – прифаќањето на европските вредности е долг процес, треба да се знае кои се реформите и што од тоа ќе добиеме во образованието, земјоделието и друго. Многу работи конкретно треба да се напишат што добиваме, а што губиме, смета Ризаов.

Новинарот додаде дека најважно за исполнување на барањата и на власта и на опозицијата во овој момент е да има и уставни измени и избори.

– Ако се договорат и постигнат консензус за уставни измени и избори тогаш мислам дека се е решено. Но, уште една работа, треба и консензус за преговорите, тоа е можеби и поважно заедно со уставните измени од се друго. Преговорите се долги и веројатно и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат на власт или пак значајни во опозицијата. Треба да се постигне консензус за европските прашања кои ќе бидат тешки и болни, во земјоделието, образованието, корупција и криминал.., кажа Ризаов.

Тој е оптимист дека ќе има решение и порача дека би било трагично да се испушти и овој воз.

Решението што го понуди Ковачевски на лидерската средба беше прифатено, а сега ВМРО-ДПМНЕ се обидува да се извади дека не било така, оценува новинарот Зоран Иванов за време на трибината „Уставни измени – Исток или Запад“ во организација на Цивил.

– Нивниот лидер беше јасен на прес-конференцијата, но што се случи во наредните неколку часа за да се смени ставот за 180 степени? Еве ќе се вратам и малку историски, сметам дека ВМРО-ДПМНЕ никогаш не била партија која нудела прогрес за Република Македонија, кажа Иванов.

Тој повтори дека Македонија е држава членка на Обединетите нации и таму е јасен нашиот идентитет и таму е депониран нашиот македонски јазик.

– Се создаде многу магла во јавноста и премногу манипулации, но договор мора да има, бидејќи нема друга перспектива. И СДСМ ќе мора веројатно уште за нешто да попуштат, рече Иванов.

Говорејќи на трибината „Уставни измени – Исток или Запад“ во организација на Цивил, директор и главен и одговорен во „Слободен печат“, Мирослав Јовановиќ кажа дека треба да се поддржи процесот на уставните измени.

– Уставните промени треба да се поддржат, без разлика дали тоа ќе го направи оваа Влада или некоја идна, кажа Јовановиќ.

Според него, можеби тие како услов се издејствувани со присила, но ние немаме друг пат и алтернатива.

– По сите параметри, дали станува збор за стандардот, економијата, безбедноста, стабилноста и друго Европската Унија е најпросперитетното општество и ние тежнееме да станеме дел од тој клуб. Има одредени горки пилули, но и од нив не сфаќам зошто се направи голема фама. Што ако им се дадат права на одредена национална заедница? Внесувањето на било која нација нема да ги намали правата на другите нации во Македонија и затоа е неопходно ова да се направи, рече Јовановиќ.

На прашањето зошто опозицијата се однесува тврдоглаво во овој процес Јовановиќ одговори дека можеби станува збор за политичка неукост и како што вели, неможност да се видат случувањата зад планината во регионот, а потоа и во светот. Јовановиќ вели дека сме доведени во ситуација да самите себе сме си најголем непријател.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново